Средби на вицепремиерот Адеми во француското МНР

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска во Париз оствари средба со државниот секретар за европски прашања во француското Министерство за надвореши работи, Арлем Дезир.
Како што соопштија од СЕП на средбата вицепремиерот се осврнал на политичката ситуација во земјава и обврските кои произлегуваат од политичкиот договор, нагласувајќи ја оценката на политичките лидери дека се исполнети условите за организација на парламентарните избори како позитивен исчекор напред.
-Во претстојниот период потребно е да се вложат напори за да се организираат демократски, кредибилни и инклузивни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени, истакнал Адеми и потенцирал дека за Македонија е од клучно значење да ја задржи европската перспектива.
Во однос на итните реформски приоритети, Адеми нагласил дека е потребно да се продолжи со реaлизација на предвидените мерки и активности, со оглед на тоа што станува збор за области кои се од суштинско значење за реформите поврзани со процесот на европска интеграција на земјата.
Дезир ја истакнал важноста на договорот од 20 јули како и на исполнувањето на другите обврски од Пржинскиот договор во делот на медиумите и судството со цел на декемврискиот европски совет да се даде соодветна оценка за земјата.
Во однос на миграцијата, соговорниците се согласиле дека е потребен координиран пристап и соработка меѓу земјите од регионот и ЕУ со цел да се намали појавата на нелегална миграција.
Од СЕП информираат дека за време на посетата, вицепремиерот Адеми ќе се сретне и со претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот, а ќе има и обраќање пред Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција.
Ново на Сител
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
-

Во недела поради улична трка посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Сиљановска-Давкова - Берсе: Фрустрациите кај земјите кандидатки поради застојот во процесот на проширување може да создадат негативни политички тенденции
-

79-годишник од Скопје допирал малолетна сосетка во својот дом
-

Заложничка криза во банка во германскиот град Зинциг
-

Мицкоски на отворањето на „Плазма - Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија
-

Во март годинава 245 одобренија за градење, за 26,6 проценти помалку од март лани
-

Сиљановска-Давкова: Патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето
