Средби меѓу полицијата и жителите на Форино, Чегране и Чајле

Претставници на месните заедници од три гостиварски села Чегране, Форино и Чајле и полицијата, викендов имале средби на кои биле дискутирани заштитата од провални кражби и пукањето на свадбени и други семејни веселби.
Во рамките на проектот „Превенција од тешки кражби", и други планирани активности од областа на јавниот ред и мир на СВР Тетово, полициски службеници одблизу ги запознале претставниците на трите месни заедници и граѓаните како да се заштитат од провални кражби во нивните куќи и како да постапат доколку забележат движење на сомнителни лица, особено во вечерните часови.
- На средбите станало збор и за претстојното доаѓање на времено вработените во странство и организирањето на свадбени и други семејни свечености. Во разговорите е нагласена и потребата да им се укаже на организаторите на вакви свечености поединци да се воздржат од пукање со огнено оружје и од неовластено приредување на огномети, кое претставува законски прекршок, но и кривично дело, зависно од околностите и крајните последици, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тој потенцира дека вакви состаноци со раководствата на урбаните и месни заедници од тетовско-гостиварското подрачје, се предвидени и во наредните денови, а нивната цел е да спречат можни несакани појави и проблеми од безбедносна природа и карактер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
