Средба Заев - Линде: Јасна поддршка од Шведска за европските аспирации на Македонија
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со Aн Линде, министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ.
На состанокот е пренесена јасна поддршка од Шведска за европските аспирации на нашата држава, бидејќи како што е констатирано државава успешно ги сработи реформите што беа нотирани како обврска од европската агенда.
Премиерот Заев се заблагодари на министерката и претседавач со ОБСЕ Линде за големото принципиелно пријателство од Шведска и континуираната поддршка што ја добива Македонија во демократскиот развој на нашата држава.
„Комплетно ја спроведуваме европската агенда внатре во државата и променивме многу работи на подобро во квалитетот на животот на граѓаните. Цврсто сме определени да продолжиме да бидеме пример на држава секогаш насочена кон изнаоѓање решенија, бидејќи тоа е европски начин на однесување. Функционална Европска Унија е потребна не само на земјите членки на ЕУ и на Западен Балкан, туку и на светот бидејќи станува збор за вредности коишто водат напред и за кои што сите треба да се заложуваат“, рече премиерот Заев.
Претседателот на Владата, Заев, рече дека е чест за нашата држава што ќе претседава со ОБСЕ од 2023 година, дека тоа е признание за придонесот на Македонија како функционална мултиетничка демократија, како и дека со искуството што го има нашата држава во решавањето на проблемите и отворените прашања, ќе даде силен придонес кон изнаоѓање решенија во предизвиците.
Шведската министерка Линде, се заблагодари за денеска враченото постхумно признание за поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Анa Линд, за придонесот во меѓународното етаблирање на државава, а по повод 30 годишнината од независноста на нашата земја.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија