Средба Попоски - Нуланд

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска го прими помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, која престојува во работна посета на нашата држава.
Како што соопшти МНР, соговорниците изразија задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете пријателски држави, втемелени на Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка, како и заемно истакнатиот интерес за нивно натамошно унапредување, во сите области од заемен интерес.
Се разговараше за стратешката определба на Република Македонија за што е можно поскоро зачленување во НАТО и започнување на преговорите за пристапување во Европската унија, за што Соединетите држави, се вели, даваат недвосмислена поддршка.
- Во светло на наредниот самит на Алијансата во Варшава идната година, исполнетоста на критериумите за членство и учеството на припадниците на АРМ во рамките на повеќе мировни мисии, ни даваат полно право да инсистираме на надминување на сите пречки за нашето зачленување. Република Македонија е посветена на почитување на демократските принципи и меѓународното право. Истото го очекуваме и од сите наши партнери, подвлече министерот Попоски.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните внатрешно - политички состојби и предизвици во Република Македонија. - Поскоро надминување на политичката криза е интерес на македонските граѓани и економијата, изнесе министерот Попоски, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
-

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат по насоки на нивните наредбодавци
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
