Средба на министерот Ќахил со италијанскиот амбасадор Ромео
-
Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија Карло Ромео.
Италијанскиот амбасадор, како што соопштија од кабинетот на Ќахил, истакна дека во Република Македонија има голем број компании со италијански капитал и изрази уверување дека се можни и нови инвестиции.
Ќахил, пак, потенцирал, дека само со здрава економија може да се оформи здраво општество и ги претставил новите мерки од планот за економски раст.
- Новата Влада ги изедначува домашните и странските инвеститори. Среќен сум што за разлика од минатото, сега, државната помош нема никој да ја диктира. Капиталот и намерата на компаниите заинтересирани за инвестирање во државата ќе бидат клучните фактори во пресметувањето на субвенциите што ќе им бидат доделени, рекол Ќахил.
Истакнал и дека како министер задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, тој и неговиот кабинет ќе бидат сервис за подршка на компаниите, отворени за соработка со бизнис заедницата и подготвени за презентирање на можностите што ги нуди државата.
Ново на Сител
-

Израел ги интензивира нападите врз Бејрут, најмалку 12 загинати
-

Врховниот суд го одби барањето на Васил - останува казната од 13 години затвоp
-

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток
-

Македонските кикбокс судии со меѓународни признанија и лиценци
-

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико
-

Спортинг прв четвртфиналист во Лигата на шампионите
-

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко
-

Работнички и Тиквеш ќе играат натпревар во чест на Андреј Лазаров
