Средба на директорот на БЈБ Савовски со Хаки Чако, директор на полицијата на Албанија
Од суштествено значење е соработката со соседните држави преку размена на информации на регионално и меѓународно ниво, како и иницирање и водење заеднички истраги со цел ефикасно сузбивање на сите форми на сериозен и организиран криминал, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски на денешната средба во Валона, Република Албанија, со директорот на албанската полиција Хаки Чако.
Тој нагласил дека праксата покажала оти целосното документирање и сузбивање на случаите на организиран криминал и сузбивање на организираните криминални групи кои делуваат на подрачјето на две или повеќе држави претставуваат закана за целиот регион и пошироко е можно единствено со водење меѓународни заеднички истраги преку кои ќе се разменуваат информации и докази помеѓу надлежните полициски служби и јавните обвинителства.
На средбата двајцата директори ја потенцирале одличната соработка што ја имаат полициите на соседните земји, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешно спроведување на имплементациските протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, но и заедничкото учество во регионалните иницијативи.
Како што соопшти денеска МВР, било разговарано и за формирање заеднички истражни тимови, размена на информации за лица вклучени во организиран криминал, сознанија за врските помеѓу осомничените лица во врска со вршење кривични дела, посебно недозволена трговија со дрога и оружје, културно наследство, насилен криминал и криумчарење, методите и новите форми на прекуграничниот криминал, рутите на транспорт и слично.
Ново на Сител
-
Нови учебници, интегрирање на вештачката интелигенција, воведување целодневна настава, најавува министерката Јаневска
-
Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес
-
Вучиќ со порака од Одеса: Србија сака да обнови еден или два града или помал регион во Украина
-
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-
Скалони за ремито со Колумбија: Беше добар тест
-
Кулибали по победата над Англија: Ова е историски момент за Сенегал
-
Нова сезона на АТЛ започнува од Охрид
-
Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот јазик како малцински јазик во земјата