Средба на австралиската амбасадорка Фини и македонскиот почесен конзул Ќосески

Развојот на македонско-австралиските трговски и деловни односи, со посебен акцент на Република Македонија како атрактивна бизнис и инвестициска дестинација во Европа, беа тема на средбата на австралиската амбасадорка акредитирана за Македонија Џулија Фини и македонскиот почесен конзул Зоран Ќосески.
На средбата, како што јави дописникот на МИА, заеднички е констатирано дека досегашниот пример на инвестиции и бизнис контакти на западноавстралиските фирми со македонското стопанство е добар почеток за натамошен развој и влегување поголем австралиски капитал во Македонија.
За новите начини на унапредувањето на македонско-австралиските деловни односи се разговараше и на средбата на амбасадорката Фини со директорите на австралиската рударска фирма „Пела Глобал Ресурсес“ кои најавија свој влез во македонското стопанство.
На средбата станало збор и за културниот развој на македонската заедница во Австралија.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
