Средба Маричиќ-Реџепи: Стабилно мнозинство и стабилна Влада се клучни за преговорите со ЕУ

Евроинтеграцискиот процес на земјава и потребата од продолжување на реформите, била тема на разговор на средбата на министерот за правда Бојан Маричиќ со пратеникот Кастриот Реџепи.
– Стабилно мнозинство и стабилна Влада се клучни во месеците кога се прават големи напори за отворање на преговорите со Европската Унија. Со пратеникот Кастриот Реџепи се согласивме дека ни престои навистина важен период во евроинтегративниот пат, а потребата од продолжување на реформите е голема, напиша на Фејсбук министерот Маричиќ.
Пратеникот Кастриот Реџепи од движењето БЕСА на 11 ноември не се појави на собраниската седница за гласање недоверба на Владата. Тој на својот фејсбук профил напиша дека донел таква одлука со цел да се задржат стартешките и витални цели на државата и дека една од неговите клучни цели е евроатлантската интеграција на земјава. Со недоаѓањето на Реџепи на собраниската седница опозицијата не можеше да обезбеди кворум.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
