Среба на Спасовски и Чавков со амбасадорите Орав и Путни
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик - министерот за внатрешни работи, Митко Чавков денеска имаа средба со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав и заменик - амбасадорот на САД Бартон Ј. Путни.
Како што соопшти МВР, на средбата била потврдена неопходната потреба од меѓусебна соработка помеѓу сите инстанци во Министерството во насока на успешно справување со предизвиците со кои што се соочува и кои што ќе му претстојат на МВР во наредниот период во насока на осигурување одржување на фер и демократски избори и враќање на довербата на граѓаните во функционирањето на институциите на системот.
На средбата, како што се наведува, била изразена подготвеноста на МВР за развивање на акциски план за дополнителни организациски подготовки во Министерството, а со цел навремена и ефективна соработка со Државната изборна комисија за ажурирање на избирачкиот список.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори