-->
-->
Србија: Во сообраќајна несреќа кај Лесковац едно лице загина, 25 се повредени
-->
– Во сообраќајна несреќа вчера околу 5:50 часот на автопатот кај Лесковац во правец кон Ниш, едно лице загина, а 25 се повредени при превртување на автобус со сомборски регистарски таблички. Автобусот превезувал туристи кои се враќале од летување во Ханиоти, Грција.
Според РТС, една жена загинала, а на местото на несреќата се наоѓаат полициски и противпожарни екипи и во тек е истрага.
За лекување на повредените се ангажирани медицински екипи од Лесковац, Лебан, Власотинац и Ниш. Девет повредени, меѓу кои две деца, се пренесени во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, соопштија од таа здравствена установа.
Засега не е позната причината поради која автобусот излетал од патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
-

Брвеница во недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
