Србија прва на удар на исламистите

Б92 - Белград
Во видео снимка насловена „Ние сме Исламски хилафет – Касида“, како почетна цел на исламските терористи е означена Србија, а по неа следат и другите земји од Балканот.
Како што се наведува во снимката, екстремистите по освојувањето на Србија подготвиле план за спроведување терористички акции во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Македонија.
Во видеото по цитат од Куранот се слуша порака: „Радувајте се сите Балканци, ви се ближат подобри денови, ви доаѓаат муслимани, ние сме Исламски хилафет“.
Во строфата која се однесува на Србија се вели: „Радувај се, ој ти Србијо, ќе бидеш дел од исламот, иако тоа не ти годи, ние сме Исламски хилафет“.
- Босно и Херцеговино ете ви ги муџахедините, ќе паднат глави на муртедини, е дел од текстот кој се однесува на БиХ.
Понатаму се наведува: „Радувај се, о Хрватска, ќе падне демократијата, Божјиот закон, правда на сите ние сме Исламски хилафет. Радувај се ој Црна Горо, ние доаѓаме наскоро. Ќе бидеш наше место ново, ние сме Исламски хилафет. Радувајте се Албанија, Косово, Македонија, ќе ви го вратиме шеријатот, ние сме Исламски хилафет“.
На крај на снимката упатена е заканувачка порака и до американскиот претседател Барак Обама со вознемирувачка фотомонтажа: „Радувај се и ти Обама, победата ни припаѓа нам, ние сме синови на исламот, ние сме Исламски хилафет“.
Јутјуб каналот Патот на хилафетот, на кој е објавена оваа снимка, веќе подолго време повикува на џихад и ја велича борбата и борците на Исламската држава, објавувајќи пропагандни снимки на Исламската држава, но и за освојувањето на Палмира и за екстремистите од Нигерија...
Да потсетиме, Исламската држава неодамна објави пропагандна снимка со која им се заканува на балканските земји и ги повикува муслиманите од Балканот да и се придружат или да почнат напади на Балканот.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
