Србија: Не ја затворивме границата со Македонија

Србија не ја затвори својата граница со Македонија, изјави денеска за Танјуг раководителката на Бирото за соработка со медиумите при српското Министерство за внатрешни работи, Биљана Поповиќ-Ивковиќ.
Таа во изјавата нагласува дека Србија само почнача да го применува вчерашниот договор на директорите на полициите од земјите од регионот, со кој е предвидено заедничка регистрација на бегалците на грчко-македонската гранциа и организирање на нивен превоз да Австрија.
- Од денеска всушност се врши профилација на мигрантите од страна на сите потписници на споменатиот протокол, што подразбира зајакната контрола на границите со цел да се спречи илегалната имиграција, истакна Поповиќ-Ивиќ.
Таа додаде дека со договорот се предвидува да се врши идентификација на мигрантите и да им се замаат биометриски податоци, со цел да се утврди дали доаѓаат од земји во кои им се загрозени животите, како што се Сирија, Ирак и Авганистан.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
