Србија: Два вагона-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа во Зајечар
Два вагона-цистерни со фосфорна киселина денеска се излизгаа во Зајечар, но нема истекување ниту опасност по луѓето и околината, соопштија од компанијата „Србија Карго“.
Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот на четвртата пруга, во станицата Зајечар.
„Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“, се наведува во соопштението.
Во товарната композиција имало 12 вагони-цистерни, кои се во сопственост на компанијата „Еликсир“ и патувале од Прахов до Шабац.
Заедничка железничка комисија за истрага на вонредни настани на Железничката инфраструктура на Србија и Србија Карго е на терен и ќе ги утврдува причините за несреќата.
Сообраќајот на патнички и товарни возови на станицата Зајечар не е во прекин, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево