Спроведени инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територија на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и донесоа 5 решенија за нивно отстранување.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
