Спортската јавност во Охрид тагува за голманот Даниловски
Веста за трагичната смрт на голманот на ГРК Охрид Никола Даниловски ја потресе охридската спортска јавност.
Од матичниот клуб на Даниловски се огласија со пораки на тага и жалење за изгубениот млад живот, како и сочувство до семејството на младиот голман.
„Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, стои во пораката од РК Охрид.
Младиот голман во Охрид дојде како засилување од Металург, а има настапувано уште и за битолски Пелистер. Повремено беше и голман во националниот ракометен тим.
Беживотното тело на младиот спортист утрово било пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај туристичката населба Лагадин. Според првичните информации од увидот, на телото немало траги од насилство.
Екипа на СВР Охрид во присуство на јавен обивнител извршила увид на лице место, а истрагата треба да ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта.
Ново на Сител
-
Во Гостивар до 15 часот излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти
-
ДИК: Излезеноста до 15 часот за претседателските избори 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44 проценти
-
Излезноста до 15 часот во Дебар, за претседателските избори 15 отсто, за парламентарните 23 отсто
-
Излезноста до 15 часот за претседателски избори е 32,28% , за парламентарни 36,89
-
Во Демир Капија над 46 отсто излезност до 15 часот, во Неготино над 42 проценти
-
Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден | ВИДЕО
-
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
-
Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите