-->
-->
„Спортот и семејните вредности“ по втор пат во СЦ „Борис Трајковски”
-->

По втор пат СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на манифестацијата „Спортот и семејните вредности”, проект во Агенцијата за млади и спорт, во соработка со спортскиот центар и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
На манифестацијата што ќе се одржи денеска напладне од 12 часот, на едно место ќе соберат познати спортисти, културни умeтници и граѓани со една и единствена цел да го промовира спортот преку семејните вредности, а низ ревијални спортски натпревари ќе имаат можност да се дружат, спортуваат и забавуваат со своите најблиски.
- Идејата на проектот е да овозможиме пред сè дружење и забава за целото семејство преку рекреативни и друштвени игри во кои сите ќе бидат „победници”, а ќе нема поразени. Очекуваме масовна посетеност во сабота, со што ќе овозможиме покрај забавата и дружењето, дечињата одблизу да ја почуствуваат атмосферата во Вип Арената СЦ Борис Трајковски во која се испишани најголемите спортски, репрезентативни и клубски успеси и со тоа да ги насочиме кон спорт и здрав начин на живот”, изјави Златко Перински, директор на „СЦ Борис Трајковски”.
На настанот предвидени се десет спортски и друштвени игри кои ќе бидат промовирани од нашите познати и врвни спортисти. За сите учесници предвидени се симболични спортски награди.
- Промоцијата и воздигнувањето на спортот, негувањето на семејните вредности и мотивирањето на граѓаните за што почесто спортување и спортско дружење со своите семејства е една од главните причини за реализација на овој проект. Убеден сум дека на ваков начин ќе придонесеме за подигнување на свеста за водење на спортски и здрав начин на живот од една страна, но и за одржување на семејните врски и вредности преку спортските активности, потенцираше директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Потврда на идентитетот, повисоки плати и пензии и даночни олеснувања – СДСМ ја промовираше програмата
-

Стартува собраниската расправа за законот за Совет на јавни обвинители
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ домаќин на настан на студентската организација на Европската народна партија
-

Домот за стари лица во Кочани станува реалност
-

Охрид со богата културна програма привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – Цена на станови, мерки, јавен обвинител...
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСМ
