Волф за излетувањето на Расел во Сингапур: Подобро е да имаш несреќа сега отколку при борба за шампионската титула
Претседателот на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, зборуваше за несреќата на тимскиот возач Џорџ Расел на Големата награда на Сингапур.
- Се чувствувам лошо поради Џорџ затоа што тој 99,9% имаше фантастичен викенд, но за дел од секунда ја загуби концентрацијата, удри во ѕид и тоа се случи. Му реков дека е подобро да го направиме тоа сега додека учиме отколку кога се бориме за победа или шампионска титула. Ќе ја памети оваа грешка. Не смееме да заборавиме дека ова му е втора сезона во конкурентен болид. Тој се потруди да победи на трката. Во тој момент единствениот начин да се престигне Норис, а можеби и Сајнц беше да го искористи секој милиметар на патеката, изјави Волф за „Autosport“.
Победник на Големата награда на Сингапур беше возачот на Ферари, Карлос Сајнц. Второто место го освои Ландо Норис од Мекларен. Трет заврши тимскиот колега на Расел, Луис Хамилтон.
Самиот Расел изгуби контрола над болидот и излета од патеката во последниот круг и ја загуби шансата да биде помеѓу првите тројца.
Ново на Сител
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото