Милевски задоволен од играта, разочаран од резултатот
Селекторот Благоија Милевски изрази разочарување од вечерашниот пораз од Украина (0-2) во евроквалификациите, истакнувајќи дека македонските фудбалери одиграле квалитетен натпревар на „Епет Арена“ во Прага.
Македонската репрезентација пропушти неколку изгледни шанси во текот на дуелот во кој Украина поведе преку Георги Судаков во 30. минута, а победата ја завери во судиското продолжение со голот на Олександр Каравајев.
-Мислам дека сите гледачи на стадионот уживаа во натпреварот. И Украина и Македонија покажаа добра игра. Честитки за Украина за победата, но горд сум на моите момци. Нашата реакцијата по несреќно примениот гол беше одлична. На почетокот на вториот дел направивме измени и успеавме да се наметнеме, но, за жал, не успеавме да дојдеме до гол и кога нема да ги искористиш шансите, поразот е неминовен, изјави Милевски на прес-конференцијата по натпреварот.
Со денешниот пораз од Украина на неутрален терен во Прага, македонската репрезентација остана на четвртото место во квалификациската група Ц со седум бодови, три помалку од Украина која изби на второто место, пред вечерашниот дуел на Италија (7 бодови) на домашен терен против Малта. Лидер на табелата е Англија со 13 бодови.
Евроквалификацискиот циклус избраниците на Милевски ќе го заокружат идниот месец против Италија, во Рим на 17 ноември, и против Англија, во Скопје на 20 ноември.
Ново на Сител
-

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава
-

ДИК: Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини
-

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг
-

До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
