Милеска го објави списокот на фудбалерки за претстојните квалификациски мечеви во Косово
Македонската женска репрезентација за фудбалерки до 17 години оваа недела ги започнува европските квалификации во рамките на првата рунда од Б лигата. „Црвено-жолтите“ од утре до 10 октомври ќе учествуваат на квалификацискиот турнир во групата Б1 и за противници ќе ги има репрезентациите на Грузија, Ерменија и домаќинот Косово.
Селекторот Катерина Милеска за претстојниот турнир во Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
Голмани: Ведрана Комненова (Скопје), Миа Петровска (Џи-Џи);
Одбрана: Андреа Коловска (Љуботен), Емилиа Блажевска (Скофтенби, Шведска), Ангела Димчова (Тиверија), Михаела Марковска (Топ Гол), Михаела Додевска (Скопје), Кристина Крстева (Скопје), Мила Панева (Скопје);
Среден ред: Елена Симјонова (Љуботен), Сара Дика (Ас Јунајтед), Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Цевитана), Јована Каралиоска (Цевитана), Теона Галабовска (Тиверија), Ева Величковска (Љуботен);
Напад: Меланија Грозданова (Скопје), Ана Боризоска (Цевитана), Настасја Накова (Скопје), Калина Попески (Црвена Звезда, Србија);
Македонките, утре во првото коло играат со Грузија, во рамките на второто коло (6 октомври) се среќаваат со Ерменија, три дена подоцна, во последното коло, силите ќе ги одмерат против домаќинот, селекцијата на Косово.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија