Гвардиола за двата пораза по ред: Ова се случува, понекогаш губиме во текот на сезоната
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола не е загрижен за двата пораз во низ ана неговиот тим. „Граѓаните“ загубија од Њукасл (0:1) во натпреварот од англискиот Лига куп и од Вулверхемптон (1:2) во Премиер лигата.
– Ова се случува – понекогаш губиме натпревари во текот на сезоната. Би рекол дека не губиме толку често, но тоа се случува, па сега само ќе закрепнеме од тоа, внимателно ќе анализираме што се случи. Покрај тоа, играчите кои недостасуваат ќе се вратат наскоро, изјави Гвардиола, цитиран од„ Beanyman Sports“.
Манчестер Сити е на првото место во Премиер лигата со 18 бодови. Во следното коло Граѓаните ќе играат на гости со Арсенал. Средбата ќе се одржи на 8 октомври.
Претходно, избраниците на Гвардиола на 4 октомври ќе играат против Лајпциг во 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна