Фламенго реши да го отпушти тренерот Сампаоли
Раководството на Фламенго одлучи да го разреши главниот тренер на тимот Хорхе Сампаоли, објави „Globo“.
Заминување на Сампаоли се уште не се случило поради несогласувања меѓу страните околу исплата на обесштетувањето. Во моментот на потпишување на договорот во април, сумата во случај на отказ изнесуваше 2,5 милиони евра, но постепено се намалуваше поради истекот на договорот, кој е со важност до 2024 година.
Се известува дека Фламенго би сакал да го назначи поранешниот селектор на Бразил Тите наместо Сампаоли кој издржа турбулентни неколку месеци во Фламенго. Во јули, неговиот помошник Пабло Фернандез го удри играчот Педро и потоа беше отпуштен. Две недели подоцна, Жерсон на тренинг му го скрши носот на соиграчот Гиљермо Варела.
Тимот се наоѓа на седмото место во поредокот на бразилското првенство, со 40 бодови од 24 натпревари.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани