Данскиот шампион Алборг го совлада Еурофарм Пелистер со 38:23
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер вечерва во Данска е поразен од Алборг со 38:23 (18:10).
Битолчани добро го почнаа натпреварот, имаа водство од 4:2, а до 20 минута од средбата беа и рамноправен противник со тимот на познати ракометни ѕвезди предводени од Микел Хансен и одличниот чувар на голот на домашнио тим, Ландин.
Нерешениот резултат 8:8 забрзано исчезна од семафорот кој на крајот од првото полувреме покажа 18:10, а во вториот дел на теренот имаше само еден тим, тимот на Алборг кој во 52 минута имаше и најголема предност од 16 голови.
Конечниот резултат 38:23 е реален одраз на покажаното на теренот, на кој најефикасни беа ракометарот Влах кај домаќините и Петровиќ кај битолчани кои постигнаа по 7 голови.
Во третото коло од европската ракометна Лига на шампионите, Еурофарм Пелистер во Битола го пречекува германскиот шампион Кил.
Ново на Сител
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен