Спор помеѓу Франција и Италија поради либиската граѓанска војна
Италија, поранешниот колонизатор на Либија, ја предупреди Франција, која има добри односи со генералот Калифа Хафтар, да не поддржува ниту една фракција во Либија.
Реакцијата на Италија уследи откако дипломатите изјавија дека Париз ја саботира Европска унија, која побара од Хафтар да ја стопира офанзивата врз Триполи.
Тоа би било многу сериозно ако Франција поради економски и трговски причини ја блокира мировната иницијатива на ЕУ за Либија и поддржува една од страните, Како министер за внатрешни работи нема да стојам на страна и да гледам, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини.
Франција, која поседува нафтени полиња во Либија, му пружи воена помош на Хафтар, а исто така беше и клучен актер во соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година.
Италија, како и Обединети нации, ја поддржува Владата на Сараџ.
Според податоци на ОН во борбите за Триполи загинаа најмалку 56 луѓе, а околу 8.000 ги напуштија своите домови.
Во Либија од минатата недела обновени се судирите помеѓу ЛНА предводена од Хафтар, кој од источниот дел тргна во освојување на западниот дел од земјата и на Триполи, што се под контрола на меѓународно признаената Влада, предводена од Сараџ. Во борбите за Триполи загинаа најмалку 56 луѓе, а околу 8.000 ги напуштија своите домови
По соборувањето на долгогодишниот лидер Гадафи во 2011 Либија е нестабилна поради големиот број на вооружени групи кои се борат за власт и контрола над нафтените полиња.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј