СПМ за кампањата на власта за брзо зачленување во ЕУ

Социјалистичката партија на Македонија ја оценува кампањата на власта за брзо зачленување на ЕУ како повторување големата лага од пред пет години.
Средбата во Атина требаше да биде потврда дека ЕУ нас не чека, но се претвори во одбележување 20 години чекање по првите ветувања за членство.
Најнеспособниот премиер Ковачевски, заедно со уште понесопособните вицепремиер Маричиќ и министер Османи упорно ги повторуваат истите лажни и истрошени ветувања за ЕУ но малку проширени и условени со бугарските уцени за уставни измени при тоа трошејќи народни пари за лични промоции, трчајќи по светот со барања за притисок и уцени кон опозицијата за да гласа за самоуништување на македонската нација.
Со кампањите потврдуваат колку го потценуваат и лажат народот во Македонија, всушност таа е само предизборен маркетинг од кој тие очекуваат да придобијат гласови од оние што ги критикуваат, од пензионерите, од работниците, од земјоделците, од студентите и од сите за кои ценат дека може да ги лажат. Народот не им верува и бара да си одат што поскоро.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека овие пропаднати лажговци немаат ни елњментарен морал ноту чувствп за одговорност за тоа што го прават и за што само со избори може да им се стави крај.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
