Македонија
1. September 2023 - 9:34

СПМ реагира на владината промотивна кампања и на нејзиното подредување за партиски потреби

Социјалистичката партија на Македонија реагира на владината промотивна кампања и на нејзиното подредување за партиски потреби со сведување на обична партиска трибина.

Иако и самото издвојување на буџетските средства за оваа цел е крајно проблематично, укажуваме и на грубата злоупотреба на народните пари со кои криминалната власт ја плаќа организацијата на своите партиски собири.

Ова претставува непочитување на законот и изигрување на јавната набавка од страна на Владата, но тоа претставува и ново потценување на македонските граѓани од страна на СДС и ДУИ.

Доколку постои елементарна етичност, совест и одговорност кај Ковачевски и Маричиќ, каква што не постои, тие би требало да ги вратат народните пари кои на нечесен начин безмилосно се трошат, а потоа и да сносат законска одговорност.

Социјалистичката партија на Македонија укажува на вообичаеното работење на криминалната влада на СДС и ДУИ во искористувањето на јавните набавки и злоупотреба на буџетските средства, односно на очигледното крадење на народните пари. Оваа нелегитимна, авторитарна и ненародна влада е потоната во грабежи, а Македонија не заслужува во власта да дивеат криминалци.

Потребни се итни и безусловни избори преку кои со волјата на македонските граѓани ќе биде казнета власта на СДС и ДУИ.