СПМ: Изјавите кои доаѓаат од ДУИ соддржат наратив на поделби и повторно создавање на етнички тензии

Последните изјави кои доаѓаат од Демократската Унија за интеграција соддржат наратив на поделби и повторно создавање на етнички тензии. Најмалку во ДУИ можат да бидат загрижени за евроинтегративниот процес на Македонија. Не можат затоа што како тиранин повеќе од 20 години безочно владееја со Македонија крадејќи ги сите нејзини ресурси и злоупотребувајќи ја власта, се вели во соопштението од Социјалистичката партија на Македонија, кое МИА го објавува интегрално.
Притоа тие имаа можност да покажат колку се европски, а не криминално ориентирани.
Оваа партија на бизнисмени се наоѓа пред понесување на одговорноста за сите криминали кои ги направи во претходниот период. За спас од одговорноста таа излезот го наоѓа во сеењето омраза и поделби, отворено најавувајќи сценарио на сецесионизам.
И во опозиција ДУИ, жедна за власт и за спас од одговорноста, постапува противуставно со најавата на поделба на државата.
Во очи на почеток на кампањата за локалните избори, наместо за проблемите во локалната самоуправа со кои најнепосредно се соочуваат граѓаните тие отвараат глобални теми, наместо понуда на идеи и проекти од ДУИ нудат концепт на поделби и разградувања.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
