Спиро Ристовски: Немало пеколен план за "27 април"
На денешното судење за наводните организатори на 27 април, обвинетиот Спиро Ристовски презентира видео снимки од протестите "За заедничка Македонија".
Во судница се слушаат говорите на Андрија Јаневска, Дарко Мијалковски, Васил Зафирчев кои за време на протестите се обраќале пред присутните.
Ристовски во судницата, појаснувајќи ги говорите, рече дека на тие како што додаде, реализирани луѓе, тешко можело човек да им нареди да одат на протести.
- Ласка фактот дека Јас сум можел да ги организирам овие луѓе. Ако имало пеколен план за 27 април, тој ден ќе немало протести ширум државата, туку сите ќе се фокусирале на протестот во Скопје, објасни во судницата Спиро Ристовски.
Презентирајќи ги говорите од учесниците на протестите, потенцираше дека од изјавите на првите луѓе на движењето "За заедничка Македонија", воочливо било дека тие не повикуваат на насилство, туку како што наведе, ги повикувале луѓето со своето присуство, на мирен начин да го изразат незадоволството од актуелните политички состојби, а барале и предвремени парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава