Спасовски во Виена: Правовремените информации и нивна размена клучни за справување со мигрански кризи

Водејќи се од искуствата од големата мигрантска криза, како научена лекција можеме да заклучиме дека размената на информации и координација меѓу нашите инститиции е од особена важност…И тоа на сите нивоа, независно дали се работи за земјите од ЕУ, или за земјите од Западен Балкан долж мигрантските рути. Правовремената информација е круцијална за правилно распоредување на силите, планирање и преземање соодветни мерки, рече, меѓу другото, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето кусо воведно обраќање во својство на копретседавач на министерската конференција „Миграциските предизвици долж Источно-Медитеранската/Западно балканска рута“ што се одржува денеска во Виена.
На конференцијата, која е во организација на австриското МВР, учествуваа министрите за внатрешни работи од повеќе земји од ЕУ – Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Германија, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Швајцарија, и земјата домаќин – Австрија, како и министрите за внатрешни работи од земјите на западниот Балкан.
Министерот Спасовски, како што соопшти МВР, говорејќи во рамки на првата панел дискусија на конференцијата, посветена на граничното управување од аспект на превентивните стратегии и механизми потенцирал и дека ни е неопходно не само градење туку и постојано надградување на заеднички превентивен концепт кој што на сегментот на гранично управување ќе му даде дополнителен инпут и квалитет во работењето.

-Тие превентивни механизми мора да подразбираат конкретна соработка во делот на прибирањето информации, во меѓу институционалната комуникација, и во оперативното постапување. Само така можеме да квалитативно и реално, пред се, да ги унапредиме нашите потенцијали за справување можните кризни состојби и опасностите што тие ги носат, посочил Спасовски.
Предвидено е министерот Спасовски да има свое излагања и во втората панел дискусии, а министерската конференција ќе финишира со потпишување на заедничка Декларација за идните планови за дејствување што ќе биде презентирана на заедничка прес конференција.
Ново на Сител
-

Си: Борбата со корупцијата е битка која Кина не смее да дозволи да се изгуби
-

Утре се празнува Стара Нова година и Василица
-

Уапсено лицето кое скрши стакло на бугарската амбасада во Скопје
-

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
-

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор
-

Анима Мунди: Kучиња со ушни маркици од Албанија донесени во Скопје
-

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет
