Спасовски: Со ниедна боја не може да се префарба криминалот што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години
ВМРО-ДПМНЕ најавува некаков нов концепт и тоа со истите луѓе што ја разоруваа, ја пљачкаа нашата земја, истите оние луѓе што беа и лева и десна рака и на Груевски и на Мијалков, кои учествуваа во сите криминални активности и си создадоа богатство истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ во Гостивар.
Денеска нудат нов концепт, нови бои, нови луѓе а во исто време се борат да заштитат секој еден криминалец, што се изведува пред лицето на правата, тој концепт е осуден на пропаст, рече Спасовски, нагласувајќи дека со ниедна боја не може да се префарба и да се прикрие криминалот и корупцијата што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше 11 години.
Со која боја може да се прекријат 11 милијарди евра, украдени од државата, со која фарба можете да ја скриете Белата палата и сиот раскош во неа, ВМРО-ДПМНЕ стана побогата партија дури и од партијата на Меркел, а денеска ќе кажат дека ќе се залагаат за нешто ново и ќе направат нешто во интерес на граѓаните, порача Спасовски.
Тој нагласи дека граѓаните не веруваат во новите концепти, во новите бои, во новите луѓе на Мицкоски, затоа што ги нема и затоа што немаат концепт со кој ќе ги поддржуваат граѓаните без разлика на национална и верска припадност, па и политичка припадност.
Преку ден на прес ВМРО-ДПМНЕ ги сака сите граѓани, а вечер на протести ги напаѓа сите до еден, Македонци, Албанци, Турци, Роми Власи, Бошњаци, Египќани и секој граѓанин кој живее во нашата земја, истакна Спасовски.
Знаат граѓаните дека развојот, дека напредокот на општините, на државата се можни само со СДСМ, знаат дека СДСМ го има најдоброто за нивната општина, порача од граѓанската трибина на СДСМ „Најдоброто за нашата општина“ потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски.
СДСМ
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица