Спасовски: Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан
Република Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е во друштво со 36 земји најбезбедни во светот. Тоа се податоци и анализи што ги прават релевантни меѓународни организации од делот на безбедноста, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Одговарајќи на прашањето за истрагите во врска со пресметките помеѓу криминалните банди во Старата скопска чаршија, во Косово и во Грција, министерот Спасовски ја потврди решеноста на ова раководство на МВР да се справи со криминиалните структури коишто се создавани и градени во изминатите 30 години, без разлика кои се и од каде доаѓаат.
– Ова е првпат да се води сериозна битка против криминални структури. И во таа наша намера, никој со ништо и за никаква цел не може да нѐ запре заради тоа што сметаме дека безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет. Инаку, што се однесува до конкретни настани јас можам да зборувам за настани кои што се случиле на територијата на државата и немаме и не можеме да разговараме за убиства во Грција и во Косово. Тоа е работа на истражните органи на тие земји и тие треба да ги дадат одговорите за овие инциденти кои се случиле, потенцира министерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум
-
Албанија: Странските директни инвестиции во првиот квартал 362 милиони евра, предничат недвижности
-
УНХЦР: Бројот на бегалци што се враќаат во татковината се зголемува, и покрај глобалните конфликти
-
Над 100 загинати во Газа за 24 часа, комуникациите во целосен прекин
-
Државен секретар на САД упати честитки до Русите по повод нивниот национален празник
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија