-->
-->
Спасовски: Ефикасната оперативна соработка со ЕВРОПОЛ продолжува и во наредниот период
-->
Активниот придонес на МВР во изготвувањето на Извештајот за процена за закани од сериозен и организиран криминал во ЕУ – СОКТА, врз чија основа Советот на ЕУ ги усогласува приоритетите во борбата против организираниот и сериозен криминал, бил истакнат на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со извршната директорка на ЕВРОПОЛ, Катрин Де Бол, во Хаг.
-Оваа соработка во континуитет се зацврстува и ги отсликува нашите напори во унапредување на меѓународната полициска соработка, како еден од приоритетите за придонес кон безбедност и стабилност во нашиот регион, како и во земјите на Европската Унија, што понатаму се рефлектира и на глобално ниво, напиша министерот Спасовски на Фејсбук.
Тој упати благодарност до директорката Де Бол, со силна увереност дека во листата на приоритети на МВР и во наредниот период останува интензивирањето на соработката со ЕВРОПОЛ, преку континуирано активно учество во тековните активности на Агенцијата, со што продолжува несебичниот придонес на нашата држава со сите расположливи капацитети.
Министерот Спасовски, како што информираа од МВР, за време на дводневната посета на Хаг ќе присуствува на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, а ќе го посети и бирото на Република Северна Македонија во Европол.
Според агендата, предвидено е министерот Спасовски да оствари билатерална средба со заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер и да се сретне со почесниот конзул на Република Северна Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград