Спајиќ: Црна Гора има резерви гориво за два месеца

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ денеска изјави дека земјата има располахга со стратешки резерви на нафтени деривати, кои, заедно со комерцијалните резерви, обезбедуваат стабилност на пазарот и нормална потрошувачка за околу два месеца.
– Благодарение на владините реформи од минатата година, Црна Гора има стратешки резерви на нафтени деривати, кои претставуваат дополнителен механизам за безбедност на снабдувањето, а заедно со комерцијалните резерви што ги чуваат поединечни економски субјекти, обезбедуваат стабилност на пазарот и нормална потрошувачка за околу два месеци, објави Спајиќ на платформата Икс.
Тој потсети дека за денес е закажана седница на Советот за обезбедување безбедно снабдување на пазарот со нафтени деривати.
Спајиќ го објави ова откако на некои бензински пумпи во Црна Гора се создадоа турканици, бидејќи граѓаните стравуваат од недостиг и зголемување на цените на горивата.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
