-->
-->
СП Русија: Хрватска ги прегази „гаучосите“
-->
Висока победа од 3-0 оствари Хрватска против Аргентина за пласман во следната фаза на Мундијалот во Русија.
Во 53. минута, Хрватска стигна до неверојатно водство преку Анте Ребиќ, но вистински виновник беше Вили Кабалјеро, кој ужасно ја исфрли топката, директно на волејот на напаѓачот на Ајнтрахт, кој не греши и носи водство за Хрватска.
Во 81. минута, сите надежи на Аргентина за пресврт паднаа во вода, откако Лука Модриќ неочекувано беше оставен да се смири и да шутира од дваесетина метри и да го совлада Кабалјеро.
Во 85. минута, Хрватска можеше да стигне до 3:0 водство, откако слободниот удар на Ракитиќ заврши на местото каде што спојуваат дирекот и пречката! Ракитиќ во финишот на мечот става точка на натпреварот со уште еден гол за крај на мизеријата на Аргентина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце