-->
-->
СП младиници: Македонија против Русија за пласман од 5-8.место
-->
Младинската ракометна репрезентација на Македонија денеска против Русија ќе игра дуел за пласман од 5-8.место на Светското првенство што се одржува во Алжир. Ова ќе биде втор дуел на овие две селекции, откако во првото коло од групната фаза Македонија постигна победа од 29:22.
Но, денешниот дуел ќе биде исклучително тежок бидејќи селекторот Илија Темелковски неможе да смета на тројца играчи кои се повредени: Горан Крстевски, Филип Арсеновски и Марко Нелоски.
Почетокот на дуелот е во 13:30 часот.
Во вториот дуел за пласман од 5-8.место играат: Тунис – Унгарија. Во полуфиналето кое на програмата е вечерва ќе играат: Франција – Данска и Германија – Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија