Совршен натпревар со трипл-дабл на Никола Јокиќ
Никола Јокиќ одигра совршен натпревар во убедливата победа на Денвер над Мемфис (142:105). Само Јокиќ и Вилт Чембрлен одиграле повеќе од еден совршен натпревар во историјата на НБА лигата.
Јокиќ шутираше 11/11 од поле, го погоди својот единствен обид за три поени, а од линијата за слободни фрлања имаше три од три. Најдобриот играч на Денвер не играше во последната четвртина.
Против Мемфис, Јокиќ го забележа 116-ти трипл-дабл во регуларниот дел од сезоната. Тој се наоѓа на четвртото место на вечната листа, Меџик Џонсон е пред него со 22 вакви натпревари повеќе.
Расел Вестбрук е на врвот на листата со 198, а Оскар Робертсон има 181.
Јокиќ го следеа Џамал Мареј со 23 поени и девет асистенции и Пејтон Вотсон со 20 поени и пет скока.
„Никогаш не сум видел трипл-дабл пред да почнам да играм со него, а сега тоа го гледам цело време“, изјави Вотсон, кој доби шанса во стартната петорка наместо повредениот Арон Гордон.
Кентавиус Калдвел-Поуп и Џулијан Стротер постигнаа по 12 поени, додека Кристијан Браун додаде 11.
Реџи Џексон имаше одлична епизода од клупата со девет поени и седум асистенции за 17 минути на паркетот.
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли