Советот за безбедност на ОН утре ќе расправа за Косово
Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе расправа за новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), а Србија на седницата ќе ја претставува шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ, пренесе Бета.
Во извештајот за периодот од 16 март до 15 септември 2022 година, кој на седницата ќе го презентира шефицата на УНМИК, Каролин Зијаде, Гутереш укажа на нестабилната ситуација на терен, придружена со високи тензии и жустра реторика.
Гутереш предупреди на ескалација на тензиите на 31 јули, кога Србите од северот на Косово поставија барикади на патиштата, незадоволни од одлуките на властите во Приштина за издавање документи за влез и излез и задолжителната пререгистрација на возилата на косовски регистарски таблички.
– Настаните на 31 јули на северот на Косово, како реакција на одлуките на косовската влада поврзани со слободата на движење, беа сериозна ескалација што ја доведе ситуацијата на работ на конфликт со потенцијално трагични последици, рече Гутереш.
Тој ја истакна важноста на дипломатскиот ангажман на САД и ЕУ за деескалација на ситуацијата, како и активностите на мисиите на КФОР и ЕУЛЕКС за зачувување на мирот и стабилноста.
Во извештајот Гутереш ги повика двете страни да покажат воздржаност и посветеност на дијалогот со цел да се намали ризикот од нова ескалација на тензиите.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница