-->
-->
Советот за безбедност на ОН едногласно ja поддржа кандидатурата на Гутерeш за генерален секретар
-->

Советот за безбедност на ОН едногласно ја поддржа кандидатурата на Антонио Гутереш за генерален секретар на Светската организација.
На затворената седница на Советот за безбедност беше усвоена резолуција со препорака до Генералното собрание да ја одобри неговата кандидатура, соопшти Виталиј Чуркин, постојан претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, пренесува ТАСС.
Поранешниот португалски премиер беше фаворит, откако победи во шесте претходни гласања. Се очекува процедурата за неговото одобрување од страна на Генералното собрание на ОН да биде формалност. Генералното собрание на ОН најверојатно ќе се собере на седница следната недела. Гутереш ќе стапи на должност на 1 јануари следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
