Советот на општина Велес го одобри ДУП-от за местото „Трпезица“

Општина Велес денеска соопшти дека Советот на општината на вчерашната седница позитивно се изјаснил за одлуката за донесување на Детален урбанистички план за местото викано „Трпезица“.
Градоначалникот Славчо Чадиев на прес-конференција истакна дека новиот плански опфат е со површина од 41,77 хектари и со ДУП-от предвидени се 361 парцела за изградба на индивидуални куќи, два плаца за градинки и еден за трговски центар.
- Дел од овие плацеви се изградени. На нив веќе постојат објекти кои сега ќе се вклопат во планот. На останатите плацеви каде нема изградено никакви објекти, сега многу полесно може да се извади дозвола за градба. Ова практично значи дека во Општина Велес продолжува донесувањето на нови детални урбанистички планови со кои значителчно им се олесува на граѓаните на полето на урбанизамот, градежното земјиште и дозволите за градба, потенцира Чадиев.
Тој најави дека ќе бидат запазени сите стандарди при изработката на сообраќајници, тротоари и станбени единици.
- На оваа локација, општина Велес има предвидено и плацеви за проектот „Купи куќа за млади“, што значи дека доколку некој млад брачен пар купи парцела, може да конкурира за да биде дел од тој проект, рече Чадиев.
Во последните четири години донесени се 37 урбанистички плански документации меѓу кои детални урбанистички планови за градот Велес, урбанистички планови вон населено место, локални урбанистички плански документации и општи акти наменети за населените места надвор од градската средина.
Ново на Сител
-

Народна банка: Во април годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка
-

Комисијата за финансирање и буџет го разгледува задолжувањето од 260 милиони евра, избрана најповолната понуда
-

„Спејс-Икс“ оди на берза: Чекор што може да го направи Маск прв трилионер во светот
-

Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари
-

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево
-

Омерагиќ: Честитки до фудбалерите, стручниот штаб и раководството на Силекс
-

Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
-

Сан Антонио и Њу Орлеанс ќе играат во Париз и во Манчестер
