Советниците од ВМРО - ДПМНЕ во Тетово бараат решавање на проблемот со сметот

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Тетово денеска со прес-конференција пред претоварната станица за отпад во Тетово побараа од градоначалничката на општината Теута Арифи да ги исполни ветувањата за решавање на проблемот со сметот во градот.
Тие најавија дека доколку градоначалничката Арифи не се зафати веднаш со решавањето на овој и другите проблеми настанати со нејзиното несериозно работење тие како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ нема да и ја даваат своја подршка за работа во Советот на општината.
- Ветивте дека ќе го решите конечно проблемот со отпадот и што е штетн по здравјето на граѓаните на град Тетово. Исто така ветивте дека ќе изградите и објект со кој ќе се рециклира отпадот но за жал и тоа е едно од многуте ваши ветувања што до сега не ги реализиравте. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово во многу наврати апелираше до Вас градоначалничке Теута Арифи, до надлежните општински служби како и до ЈКП Тетово но од страна на истите не наидовме на разбирање и желба за решавање на овој горчлив проблем што ги засега сите граѓани на Тетово и пошироко, изјави советникот Ненад Спасовски.
Од локалната власт информираа дека има повеќе смет на претоварната станица бидејќи процедурата за транспорт на сметот кон депонијата Дрисла е покомплицирана, а поради празниците има и поголема количина на смет од вообичаените 120 тони што се собираат во градот во текот на едно деноноќие.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
