Состанок на сите директори во АД ЕСМ – се зголемува планот за производство за целосно задоволување на потребите од електрична енергија
Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ и директорите на сите подружици денеска одржаа состанок во ХЕС Црн Дрим во Струга, на кој е разговарано за зголемување на планот за производство за оваа година.
Владата на Република Северна Македонија на последната затворена седница го задолжи АД ЕСМ да обезбеди 100 проценти електрична енергија за ЕВН Хоме за потребите на граѓаните и малите потрошувачи за периодот јули-декември 2022 година, по цена од 48 евра за мегават час, информираат од АД ЕСМ.
За зголемувањето на планот за производство, посочуваат од АД ЕСМ, земени се предвид динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, можностите за нејзино интензивирање, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства.
За второто шестмесечје од 2022 година ЕСМ законски може да понуди електрична енергија од само 60 отсто од потребите, но во тој случај Универзалниот снабдувач би набавувал 40 отсто по цена на берзите, кои стигнуваат и до 360 евра за мегават час, што би значело енормно покачување на крајната цена за граѓаните, потенцираат од АД Електрани на Северна Македонија.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче