Соседите слушнале болни крици, а полицијата затекнала ужас: Мајка монстум ја испекла на скара својата ќерка (2)
Белгија е потресена од страотното злосторство што се случи во неделата попладне, кога полицијата ја упаси жената која ја печела на скара својата двегодишна ќерка.
Жената на возраст од 27 години чиј идентитет не е соопштен, им рекла дека таа и нејзината ќерка мораат заедно да изгорат.
Полицајците во шок
Полицијата реагирала откако соседите пријавиле дека слушнале некои ужасни крици, по што на вратата од гаражата се појавил чад. Полицајците биле во шок од она што го затекнале во гражата.
На скарата се наоѓале изгорени делови на несреќното девојче (2).
-Ние две мора да изгориме заедно зошто тоа е единствен начин да одиме во рајот, им реклна на полицајците мајката монстум.
Локалните медиуми пренесуваат дека таа е упасена и била по потекло од Африка, а страдала од тешка депресија по разводот. Монструозниот чин се случил во градот Земст, северно од Брисел.
Истрагата ќе утврди дали мајката ја усмртила ќерката пред да го стави нејзиното тело на скара. Уапсената со ќерката живеела кај својата мајка, која во моментот на злосторството не била дома. Мајката монструм е префрлена во болница, а полицијата ќе ја испита по прегледот од психијатар.
Ментално болна
Тешко е да се утврди што е поводот за страшното злосторство. Ако мајката навистина ја усмртила ќерката за подоцна да се најдат во рајот, тоа е знак за психолошки проблем, рече психијатарот Ханс Хелебујк.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот