Соработка на Стопанската комора и НБРМ за унапредување на финансиската едукација
Стопанската комора на Македонија и Народната банка на Република Македонија (НБРМ) потпишаа меморандум за соработка во областа на унапредување на финансиската едукација.
Целта е да се зголеми финансиската свест, да се подобри финансиската писменост кај младото и возрасното население и тоа да се стекне со соодветни вештини и знаења коишто ќе му овозможат да донесува рационални и ефективни одлуки при управувањето со парите и финансиските услуги и производи, соопшти денеска Стопанската комора на Македонија.
Истакнуваат дека нивната улога е преку здруженијата во рамки на Комората да ја информира и да ја поттикнува бизнис-заедницата да даде поддршка за спроведување проекти во финансиската едукација, согласно нивните можности и интереси. Со тоа, посочуваат, Комората активно се вклучува во постојниот Проект за финансиска едукација на Народната банка.
Истовремено, пак Народната банка ги поддржува проектите за финансиска едукација на Комората (преку Центарот за едукација во рамки на Комората и Бизнис-центарот за тренинг и обука) за спроведување едукативни активности, како што се: одржување предавања, семинари, работилници, тркалезни маси, конференции, интерни обуки и други настани, организирање промотивни едукативни настани, публикување едукативни материјали, летоци, брошури и други активности од областа на финансиска едукација, коишто се од заемен интерес за двете институции, како и за сите субјекти коишто се вклучени во наведените проекти, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги