Соработка на МОН и ЕВН за промоција на средното стручно образование

Соработка и активности за промоција на средното стручно образование со цел подобри практични вештини и способности на учениците што ќе им помогнат да бидат конкурентни на пазарот на труд, најавија денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорот на електроенергетската компанија ЕВН Македонија Штефан Петер.
Адеми и Петер потпишаа меморандум за соработка со кој се формализираат тековните и идни активности за поголема промоција на средното стручно образование, како и за развој на предлози и примена на мерки што ќе ја унапредат соработката на државата и приватниот сектор.
Министерот Адеми истакна дека ЕВН Македонија е партнерска компанија со која се воведени бројни мерки, практики и иновативни образовни решенија кои се покажале како успешни и ефективни за квалитетот на знаење на учениците кај нас.
– ЕВН Македонија први почнаа да го спроведуваат концептот на дуално образование во партнерство со средното техничко училиште Михајло Пупин во Скопје, а од новата учебна година таква соработка почнуваат и со средното училиште во Гостивар каде исто така се воведува тој концепт со една паралелка. Доделуваат стипендии за ученици и студенти од областа на стручното обарзование, финансираат набавка во опрема на училиштата, примаат вработувата млади кои ги обучиле. Нивниот пример треба да го следат и останатите компании, рече Адеми.
Според него, соработката со приватниот сектор на среден и долг рок ќе го подобри квалитетот во образованието од кое зависи степенот на подготвеност за работа на идните генерации. Верувам дека потпишувањето на меморандумот ќе поттикне и други претставници на бизнис секторот да се вклучат во остварувањето на заедничките визии и заложби за градење квалитетен и конкурентен образовен систем, посочи Адеми.
Директорот на ЕВН Македонија им порача на родителите и децата да донесат вистинска одлука и да пополнат едно од местата во стручните училишта.
– Ќе ве научиме како да бидете електромонтери, но тоа не значи дека цел живот треба да останете тоа. Тоа е само почеток на вашата кариера. Некогаш сте електромонтер, некогаш сте електротехничар, може да напредувате, не само во ЕВН, туку и во други компании, и да ја продолжите вашата кариера како планер на мрежа, електроинжинер, а некогаш и да бидете директор на компанија како мене, рече Петер.
ЕВН Македонија со проектот 20-20-20 што го почна пред две години во средното училиште „Михајло Пупин“ нуди пракса за учениците и вработување во компанијата со плата од 20.000 денари.
Ново на Сител
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
-

Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
-

Вработените во Пошта протестираа за плати, додека објектот во кој работат пропаѓа од сите страни
-

Обоистката Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана - директорот тврди се однесувала агресивно
