Сопругата на Стивен Хокинг: За сите беше генијалец, за семејството тиранин
Сопругата на генијалниот ум Стивен Хокинг кој на 76. годишна возраст почина мирно во својот дом, во едно интервју во 2014. година истакна дека за сите бил генијалец, за семејството тиранин.
Неговата сопруга Џејн за него говореше по филмот кој излезе за него, а истакна дека кога се запознале тој веќе ја имал дипломата од Оксфорд.
Пред него била сјајна кариера, но завршил во болница. Дијагностицирана му беше неизлечива болест на невроните од која 95 проценти умираат, но тој ги поби тезите на лекарите. Неговата слава и неговите големи научни откритија сепак лошо влијаеле на семејството.
Тој го напуштил домот во 1989. година и почнал живот со најистакнатата болничарка од тимот за него, и тоа на Божиќ. Потоа се појавија гласини дека таа го занемарува и врши физичко насилство.
Неговата прва сопруга објави книга во која го опиша него како егоист и тиранин.
- Постоеја двајца, едниот Стивен кој е генијален, другиот тиранин за најблиските, напиша таа.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска