Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“ наизменично по една коловозна лента
Од 19:15 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, се одвива наизменично по една коловозна лента, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Претходно, оттаму во извештајот од 18:00 часот информираа и дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, додека врнежи од снег со променлив интензитет се бележат скоро на целата територија на државата.
Предупредија дека поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Од „Македонија пат“ апелираа на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод преку планинскиот премин „Барбарос“, како и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење зимска опрема (синџири).
Од 15.10 часот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски поради свлечиште сообраќајот е во целосен прекин, а намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.
Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп