-->
-->
Сообраќајна несреќа во Скопје - две лица повредени
-->

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, Според инфорамациите на МВР, вчера 20.50 часот на ул.„Козле“ во Скопје, мотоцикл „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(39) од Скопје, удрил во паркирано патничко возило „тојота јарис“, со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Т.П.(40) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди.
Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
