Сообраќајна несреќа: Товарен воз излета од шини кај Демир Капија

Товарен воз кој сообраќал на релацијата Гевгелија - Скопје излета утрово од шините кај Демир Капија. Нема повредени, причинета е мала материјална штета. Железничкиот сообраќај е во прекин.
- При влез во железничка станица Демир Капија изутрина во 8 и 30 товарен воз се лизнал на свртницата при што таа е оштетена. Оштетени се и дел од колосеците, сигналите и вагоните. Возот бил товарен со слабови на Железарницата Скопје, изјави за МИА Невзат Мамути, портпарот на МЖ Инфраструктура.
Комисијата за увид и расчистување на настанот е на терен и ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.
- Се прават напори сообраќајот да се пренасочи во другиот колосек, со цел да нема застој во железничкиот сообраќај во тој дел на земјата, информираат од МЖ Инфраструктура.
Ново на Сител
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
