Сообраќајка на патот Штип – Кочани, тројца повредени
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Кочани во близина на клучката кај селото Уларци.
Како што информира портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, незгодата се случила околу 16:10 часот, меѓу три возила.
Според привичните информации, повредените патници се хоспитализирани во Општата болница во Кочани. Засега не се знае тежината на нивните повреди.
Во моментов сообраќајот на овој патен правец е стопиран во двете насоки и сообраќајот од Штип кон Кочани се одвива преку алтернативните патишта. Возилата се приклучуваат преку селата Долни Балван, потоа Карбинци, па поминуваат преку селото Борилчево и излегуваат на клучката кај селото Кучичино и Чешиново.
Во моментов екипа на крим техника од СВР Штип и основен јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата. Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот.
Ново на Сител
-
Ќе има мерки многу скоро кои ќе бидат прецизни и таргетирани, вели Мицкоски за инфлацијата
-
Гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја во и надвор од кругот на фабриката за оружје и муниција во Самоков
-
Ефективен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој усмрти пешак и избега
-
Од 16 алкотестирани 7 лица управувале пловен објект под дејство на алкохол во Охрид
-
Грција: Девојка се онесвестила откако ја запросиле, лекарите констатирале мозочно крварење
-
Две жени се степале на Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот
-
Пронајдено изгорено тело по пожарот во Ѓорче
-
17-годишен битолчанец со автомобил удрил велосипедист и тешко го повредил