Сообраќајка меѓу камион и автомобил на патот Куманово-Крива Паланка

Полицијата сè уште врши увид во сообраќајната несреќа што се случи, утрово на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај село Ругинце. Во сообраќајната несреќа која се случила околу 8:15 часот учествувале камион и автомобил.
- Денеска околу 8:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ругинце се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило со бугарски национални ознаки и патничко моторно возило со кривопаланечки регистарски ознаки. Увидот е во тек, соопшти полицијата.
Утрово од 8.30 часот магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, поради случена сообраќајна несреќа сообраќајот беше во во целосен прекин, а од 09.15 часот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информира АМСМ.
МИА
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
