Сончево со мала до умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на дожд претежно во јужните планински региони. Ќе дува умерен северен ветер кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 16 до 23 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер, поизразен во попладневните часови. Температурата ќе се движи од пет до 21 степени.
До сабота ќе се задржи сончево време, попладне со зголемување на облачноста и со услови за краткотраен дожд претежно во планинските региони. Во сабота ќе има повеќе облачност и услови за појава на грмежи. Позначителен влажен бран се очекува да помине во недела и во понеделник и ќе биде проследен со умерени до повремено поројни врнежи од дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер кој позначително ќе ги спушти дневните температури.
Ново на Сител
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата